1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Факти наместо митови

Верица Спасовска/превод: З. Јордановски25 септември 2015

Стотици илјади луѓе си одат од татковината во насока кон Германија со погрешни претстави, оти немаат веродостојни информации. Нив ги нуди Дојче веле со оваа специјална страница, објаснува Верица Спасовска.

https://p.dw.com/p/1GdKz
Фотографија: picture-alliance/dpa/Oliver Mehlis

Стотици илјади луѓе годинава доаѓаат од Балканот во Германија со цел за подобар живот отколку во татковината, со надеж да си отворат перспектива за себе и за своите деца, да најдат работа и да им создадат добри шанси за тоа и на своите деца. За разлика од егзодусот пред 20 години, кога граѓанската војна во екс-Југославија предизвика огромен бран на бегалци, денес за среќа во регионот веќе нема насилство и самоволие. балканските земји денес, во 2015. година, се на прагот на ЕУ, војните и државната репресија се минато. Но, на многу места на Балканот владее голема невработеност кај младите, клиентелизам, стопанска стагнација. Разочарувањето кај младите луѓе поради слабата економија, отсуството на перспективи - тоа се целосно разбирливи причини зошто луѓето ја напуштаат својата татковина. Но, проблематично е дека многумина од оние, кои сега од Балканот доаѓаат во Германија, безуспешно поднесуваат барања за азил. Во Германија по правило азил добиваат луѓе кои се политички прогонувани или потекнуваат од земји во кои се води граѓанска војна, како на пример Сирија.

Spasovska Verica Kommentarbild App
Верица Спасовска

Кој нема законско право, мора да си оди

Луѓе кои од татковината доаѓаат во Германија поради лошата економска ситуација, немаат право на азил. Тие мораат повторно да ја напуштат Германија. Тоа на многумина не им е јасно. Многумина веруваат и дека Германија е ветена земја, во која е се’ подобро отколку кај нив дома, дека е сосем лесно да се најде работа и стан, дека многу бргу може да се заработат многу пари. При сета со право фалена култура на добредојде во Германија, не е сосем и не е воопшто така! А особено не е така ако се оди преку постапката за азил. И во Германија, која за разлика од други земји на ЕУ ги отвори срцата и портите за бегалците, за странец не е лесен патот. За воопшто да може да се снајде, тој прво мора да го владее германскиот јазик. Потоа треба да добие признавање на странските документи за завршено образование - и тука Германија има свои строги правила. Кој, пак, не е граѓанин на ЕУ, кога конкурира за работно место, мора да им препушти предност на еднакво квалификуваните кандидати кои потекнуваат од Германија или друди земји на ЕУ.

Легални патишта кон Германија

Германија во изминатите децении успешно интегрира милиони странци. Таа е отворена и економски силна земја во срцето на Европа, која и во иднина ќе прима луѓе од сите делови на светот. И за луѓето од Балканот има сосем легални можности да дојдат овде - заради образование или за да најдат работа. Кои предуслови се нужни за тоа и кој воопшто смее трајно да остане во Германија - одговори дава Дојче веле во оваа тематска страница. Нам притоа ни е важно да ги расчистиме нејаснотиите и да дадеме фактички информации за реалните услови во Германија. „Факти наместо митови“ е корисен и значаен прирачник за сите, кои сакаат да го фатат патот кон Германија.