1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Успешно отворање на новиот руски космодром

СН/ртр/мета28 април 2016

Русија за првпат лансираше ракета од новиот космодром во близина на кинеската граница. Изградбата на космодромот чинела повеќе од пет милијарди евра.

https://p.dw.com/p/1IeZa
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Kudryavtsev

Ракета „Сојуз 2.1а“, која во Земјината орбита однела три научни сателита, утрината успешно полета од новиот руски космодром Восточни.

Тоа е прво лансирање на ракета од овој космодром, изграден за Русија да ја намали својата зависност од космодромот Бајконур во Казахстан.

„Ракетата успешно полетала во предвиденото време, точно во 11.01 по локално време“, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос и додаде дека сателитите веќе се во орбитата.

Руските телевизии емитуваа снимка од полетувањето на ракетата, а на лансирањето присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин.

Погледнете го вебвидеото од лансирањето на првата ракета од Восочни:

Лансирана првата ракета од Восточни