1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ураганот „Метју“ губи на сила, но алармот останува

ЕМФ /агенции
8 октомври 2016

Ураганот „Метју“ стигна до југоисточниот брег на САД. Во сојузната држава Флорида околу еден милион луѓе останаа без струја, а има и три жртви.

https://p.dw.com/p/2R25L
USA Hurrikan Matthew in Florida
Фотографија: Reuters/P. Ebenhack

Ураганот „Метју“ во американската сојузна држава Флорида предизвика поплави, но нема катастрофа од огромни размери. Националниот центар за урагани во меѓувреме го спушти „Метју“ од ураган од четврт степен, на бура од втор степен.

Сепак, алармот останува вклучен. Експертите предупредуваат дека ситуацијата не смее да се потцени. „Метју“ продолжува во насока на сојузните држави Џорџија и Јужна Каролина. Тој е најопасен ураган во регионот во последната деценија.

Силата на „Метју“ се намалува

Претходно ураганот предизвика огромни штети на Хаити. Организацијата „Кер“, повикувајќи се на податоци на Министерството за внатрешни работи, јави дека има 478 загинати, а според други неофицијални информации бројот на загинати се проценува на околу 800.

Haiti nach Hurrikan Matthew
Штетите на Хаити се огромниФотографија: Reuters/A.M. Casares

ЕУ вчеравечер најави помош во висина од 1,5 милиони евра за жртвите од ураганот на Хаити. Освен тоа, експертски тим замина на лице место, за да помогне со снабдувањето со вода и лекарска нега.