1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Ураган, поплави, хаос - Ирма удри на Флорида

ЕМФ /агенции
11 септември 2017

Ураганот Ирма на Флорида загуби малку на сила, но не и на опасност: загинаа најмалку три лица, а милиони домаќинства се без струја. Стотици илјади луѓе се сместени во центри за итни случаи.

https://p.dw.com/p/2jh3n
USA Hurrikan Irma in Florida
Фотографија: Reuters/C. Barria

Ураганот Ирма ја зафати американската сојузна држава Флорида, предизвикувајќи поплави и големи штети. Колкав е обемот на разурнувањето сѐ уште не е утврдено. Повеќе од 3,4 милиони домаќинства на Флорида останаа без електрична енергија. Според наводи на весникот „Мајами Хералд“ на улиците на Mајами водата достигнала околу еден метар височина. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе отпатува на Флорида најбрзо што е можно за на лице место да создаде слика за обемот на штетите.

Американскиот центар за урагани соопшти дека на маргините на окото на ураганот брзината на ветрот изнесува околу 155 километри на час. Во текот на вчерашниот ден на источниот брег на Флорида за само еден час имало шест торнада, соопшти американската метеоролошка служба.

Hurrikan Irma | USA, Florida | Miami Beach
Фотографија: Reuters/C. Barria

Според медиумски извештаи, во невремето предизвикано од Ирма животот го загубиле најмалку три лица, и тоа во сообраќајни несреќи.

Ирма вчера попладне беше спуштен од ураган од четврта во ураган од трета, а потоа и од втора категорија, но тој и натаму е многу опасен. Ирма има поголема широчина од Флорида. Ураганот ја повлече водата од западната страна на брегот. Метеоролозите меѓутоа предупредуваат дека водата ќе се врати со еден вид нишање. Луѓето кои се останати во регионот го очекуваат најлошото и поплави со височина на водата до 4,5 метри.

Опасноста од Ирма останува