1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНХЦР: Европа создава хаос

Бернд Ригерт/сн16 септември 2015

Високиот комесаријат на ОН за бегалци го губи трпението кога е во прашање ЕУ. Кризата со бегалците може да се надмине само ако само ако навистина се сака, порача во Брисел шефот на УНХЦР .

https://p.dw.com/p/1GXCi
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Mayo

Високиот комесар за бегалци на ОН, Антониот Гутереш искажува тешки обвинувања на сметка на Европската унија по пропаднатиот состанок на министрите за внатрешни работи на земјите-членки. Во Европа владеат „конфузија и хаос“. Секоја држава на своите граници прави што и се сака. „Бегалците се збунети, несигурни, исплашени и очајни“, вели Гутереш. „Ситуацијата е многу загрижувачка, а бегалците повторно страдаат.“

Дури и Унгарија, која фактички целосно ја затвори својата граница кон Србија, има законска обврска да им понуди заштита на бегалците, вели Гутереш. на Европа сега и е потребен план Б а не бесконечни преговори за плановите за распределба на бегалците. Префрлувањето на одлуката за прераспределување на 120 илјади бегалци за следниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ во октомври, според високиот комесар за бегалци на ОН е бесмислена. „Што треба да се прави? Да се чека октомври и да се праша Европскиот парламент, па тогаш одново Советот на ЕУ, па ова па она...ама ние овде имаме работа со итен случај!“

Symbolbild Ungarn Grenze Zaun
Фотографија: picture alliance/CITYPRESS 24/Hay

Сиријците го напуштија недоволно финансираниот ОН камп во Турција

Европската унија мора што побрзо да ги реши горливите прашања, значи да се воспостават прифатни центри во Грција и во Италија. ЕУ досега поаѓаше од тоа дека за такво нешто се всушност задолжени различни агенции на Унијата и локалните власти. „Ама тоа не е доволно. Прифатните центри мора да бида организирани да можат да приватат повеќе илјади луѓе на подолг временски рок.“ А потоа по регистрацијата бегалците би требало да бидат распределени во земјите-членки на ЕУ, вели шефот на УНХЦР.

Антонио Гутереш со олеснување гледа на одлуката на ЕУ да го подобри финансирањето на бегалските кампови во Турција, Либан и Јордан. Недостатокот на пари, посебно кај Светската програма за храна, довде до тоа оброците за беглаците да бидат намалени за 40 насто. И токму поради тоа луѓето масовни ги напуштаат бегалските кампови и се обидуваат да стигнат до Европа. „Недостатокот на храна е главна причина за зголемување на бројот на бегалци во Грција.“

Неопходно е да ѝ се помогне на Србија, порача шефот на УНХЦР. Зашто сега многу бегалци ќе останат одреден временски период во Србија бидејќи Унгарија го спречува нивното влегува на своја територија. Но, јасно е дека тоа на пдолг рок нема да ги задржи бегалците. „ Бидејќи штотуку гледаме дека криумчарите нудат нови рути- од Грција кон Италија“, изјави еден дипломат на Обединетите нации во Брисел.