1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унгарија не признава „бегалци“

Немања Рујевиќ/бг16 септември 2015

Границата е обезбедена, на бегалците им се заканува затвор, а Унгарија веќе ја слави „новата ера“. Но официјалната верзија не е баш видлива на терен, јавува Немања Рујевиќ од унгарската граница кон Србија

https://p.dw.com/p/1GX98
Фотографија: DW/N. Rujević

Надежта беше три метри широка. Тука, во малото место Рошке, каде пругата ги поврзува соседните Унгарија и Србија, бегалците со недели успеваа да стигнат до посакуваниот Шенген простор. Само во понеделникот дојдоа речиси 10 илјади бегалци во Унгарија, повеќето минаа низ овие три метри. За оние кои стигнаа во вторникот, дупката на надежта повеќе не беше тука. Сега ги пречека еден стар камион, „надограден“ со бодликава жица, како и десетици вооружени војници.
„Веќе пет дена само трчавме и речиси немаме спиено“, ни раскажува еден бегалец од Сирија преку жицата. Сиријците не можат да сфатат зошто Унгарија ги блокира. „За нас нема назад. Ние избегавме од смртта“.

Ungarisch-serbische Grenze in Röszke ist geschlossen
Границата кај Рошке е затворенаФотографија: Nemanja Rujević/DW

Еден млад полицаец не е многу импресиониран од сцената. Рутинирано им покажува на новодојдените каде е официјалниот граничен премин. Новата тактика на владата на Орбан е луѓето да се задржат во транзит-зоната, на ничија земја меѓу Србија и Унгарија. Таму веќе чекаат стотици кои го покажуваат своето незадоволство со штрајк со седење.
Всушност Унгарија сака да ги регистрира бегалците уште во транзит-зоната, но не со цел да им понуди азил, туку за да најде причина да ги врати назад во Србија. Тоа го потврдува и владиниот портпарол Жолтан Ковач. „На овие луѓе не им се заканува никаква опасност во Грција. Ни во Македонија или Србија нема никаква војна. Затоа нивното барање за азил во Унгарија или било каде во ЕУ е проблематично“, вели Ковач за ДВ. Во неговиот речник нема место за зборот „бегалци“. Ковач говори за „илегални економски мигранти“, кои се туркаат кон Европа и претставуваат товар за целата ЕУ.

Затворски казни за бегалците

Дополнително, од вторникот во сила е новиот закон со кој „илегалното преминување на границата“ се казнува со до три години затвор во Унгарија. За оштетување на оградата или бодликавата жица се заканува затвор и до пет години. Според Владата, во првиот бран апсења приведени биле 174 лица. Но малку е веројатно дека тие ќе завршат во затвор. Репортерите на ДВ сретнаа едно семејство од Авганистан кое беше приведено од полицајците на унгарска територија. „Овие луѓе не се уапсени“, тврдеше одговорниот. Унгарија не сака да ги прими овие луѓе- ни како баратели на азил, ниту како затвореници. Неофицијално ни беше кажано дека овие бегалци едноставно ќе бидат вратени назад во Србија.

Ungarisch-serbische Grenze in Röszke ist geschlossen
Приведени, но не и уапсени: авганистанско семејство во граничниот регион.Фотографија: Nemanja Rujević/DW

Забележливо е дека големиот театар со бројни војници и строги контроли на границата се случува само во околината на малото градче Рошке. Таму се и бројни ТВ- тимови. Само 20 километри западно, во близина на местото Асоталом, нема никакво „шоу“. Тука нема никаква гранична ограда, иако владата триумфално најави дека ги затворила сите можности за илегален премин. Тука може да се видат само бодликава жица, неколку полицајци и војници кои кружат со своето возило, а бегалците си преминуваат без проблем.
Иштван Микси видел многу, особено во последните 24 часа. 72-годишникот има мала куќа недалеку од границата. „Се разбира дека немам проблем со бегалците. Јас не сум фашист. Тие се во потрага по подобар животи, и тоа можам да го сфатам“, вели тој.

Ungarisch-serbische Grenze in Röszke ist geschlossen
Иштван Микси смета дека се случува само еден голем театарФотографија: Nemanja Rujević/DW

Она што пензионерот не го сфаќа се расположението во Унгарија и изградбата на оградата. Пред 50 години и самиот бил граничар, кога Унгарија како дел од Варшавскиот пакт се наоѓала наспроти неврзаната Југославија. Денешните контроли се само циркус. „Мислам дека оградата беше изградена само за шверцерите полесно да им земаат пари на бегалците. Тие маршираат со месеци и оваа ограда нема да ги запре. Унгарија само фрла пари“, вели пензионерот Микси.

Во меѓувреме влегува во својата куќа за да им донесе вода на една нова група бегалци. Тоа се осум млади Курди од Ирак и Иран, кои не сакаат да бидат регистрирани во Унгарија. Слушнале дека давањето отпечатоци од прсти во Унгарија, може да им го одземе сонот за живот во Германија. „Сакаме во Германија“, повторуваат повеќепати.