1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унгарија и Словачка ќе треба да примаат бегалци

ЖА
6 септември 2017

Европскиот суд на правдата ги отфрли жалбите на Унгарија и Словачка против квотите за распределба на бегалци во ЕУ.

https://p.dw.com/p/2jPg5
Ungarn Flüchtlinge
Фотографија: picture-alliance/dpa/MTI/Z. Szigetvary

 Жалбите на двете земји во целост се отфрлени, соопшти денеска претставник на Европскиот суд на правдата во Луксембург.

„Механизмот за распределба на бегалците е донесен заради поддршка на Грција и на Италија во справувањето со последиците од бегалската криза“, се вели меѓу другото во образложението на пресудата.

Земјите-членки на ЕУ, за време на кулминацијата на бегалската криза во 2015. година, се согласија на воведување квоти за распределба, според кои секоја членка е должна да прими одреден број бегалци. Вкупно требаше да бидат распределени околу 120.000 луѓе во временски период од две години. Целта беше да се растоварат земјите од „првата линија“, односно Грција и Италија, кои го носат главното бреме, зашто се првите станици за голем број бегалци на нивниот пат кон Европа.

Унгаријаи Словачка не сакаа да ги прифатат овие одлуки, па се жалеа кај Европскиот суд на правдата, во што добија политичка поддршка од Полска. Нивното гледиште е дека обврската за прием на бегалци ја поткопува нивната државна сувереност и во време на атентати, претставува закана по безбедноста на граѓаните. Согласно на тоа, овие држави не примија речиси воопшто бегалци.