Убил 19 хендикепирани лица и сам се пријавил
26 јули 2016Реклама
Во дом за хендикепирани лица во Сагамихара, близина на Токио, момче уби најмалку 19 луѓе. Во нападот со нож повредени се над 40 луѓе, од кои дел тешко. 26-годишниот напаѓач непосредно по злосторството самиот се пријавил во полиција. Напаѓачот тврдел дека порано работел во домот за хендикепирани лица во градот Сагамихара. Како мотив за нападот тој навел омраза кон хендикепираните.
Медиумите јавија дека напаѓачот наводно во февруари доставил писмо до претседателот на јапонскиот парламент, во кое бара еутаназија на хендикепираните. Во писмото тој се заканил и дека „за Јапонија“ ќе убие 470 хендикепирани.