1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Убиецот“ веројатно се крие во зеленчукот

29 мај 2011

Бројот на жртвите од цревната бактерија ЕХЕК се зголеми на десет лица. Германската влада стравува од натамошно ширење на болеста. Изворот од кои се заразија, во меѓувреме околу 1000 лица, се’ уште не е целосно утврден.

https://p.dw.com/p/11QGl
Краставиците се на „црната листа“Фотографија: picture-alliance/dpa

Германската министерка за заштита на потрошувачите Илзе Ајгнер денеска изјави дека останува предупредуавњето да се избегнува консумирање на свежи краставици, домати и салата.

„Се‘ додека експертите во Германија и во Шпанија не успеат недвосмислено да го лоцираат изворот на заразата, останува на сила предупредувањето“, изјави Ајгнер за „Билд ам зонтаг“.

EHEC-Bakterien Dossierbild 3
Фотографија: picture-alliance/dpa

Стручњаците на ЕУ оценуваат дека актуелната состојба со заразата со стомачната бактерија во Германија е една од најтешките во светот. Очигледно дека бранот на ширењето на инфекцијата ја нема достигнато кулминацијата. Според портпарол на Министерството за социјала во покраината Долна Сакосонија се очекува дополнително зголемување на бројот на заболените, со оглед на тоа што од консумирањето заразена храна до избивањето на болеста можат да поминат до десет дена.

Лекарите сега во борбата против смртоносната бактерија полагаат надежи во нов лек, кој треба да спречи откажување на работата на бубрезите.

Од починатите десет лица девет се жени, а сите се од северна Германија. Низ целата земја меѓутоа има хоспитализирани лица кои се наоѓаат во животна опасност.

Institut für Hygiene der Universität Münster
Трескавично се бара причинителот на заразатаФотографија: picture-alliance/dpa

Се тврди дека засега нема непосредна опасност од заразата за другите европски држави.

Германските земјоделци пак се жалат на драстично опаѓање на потрошувачката на нивните производи. Заменикот-шеф на Земјоделското здружение на покраината Шлезвиг Холштајн, Ханс Петер Вит, обвинува за огромни штети, од кои е доведена во прашање дури и егзистенцијата на многумина земјоделски производители.

Автор: ЖА/АТ/дпа

Редактор: Александра Трајковска