1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсена жена поради мини-здолниште

ЖА
19 јули 2017

Во Саудиска Арабија е уапсена жена поради тоа што во едно интернет-видео се гледа во мини-здолниште.

https://p.dw.com/p/2gmLL
Saudi Arabien Frau Minirock

Полицијата во Ријад ја уапсила жената поради тоа што се појавила во „непристојна облека“ и го предала случајот на обвинителството, соопшти државната телевизија преку Твитер. Во Саудиска Арабија важат драстично строги правила во поглед на облекувањето на жените. Задолжителни се долги прекривки, голи рамена, раце или нозе се забранети во јавност. Неколку секунди краткото видео, кое според полицијата е снимено во стариот град Ушаигер, се ширеше вирално и предизвика бура реакции во Саудиска Арабија, од одушевување до гнев.

Каква ќе биде судбината на жената, не се знае.

Во затвор поради мини-здолниште