1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Уапсен напаѓачот со нож во Минхен

ЖА
21 октомври 2017

Полицијата соопшти дека е уапсен осомничениот напаѓач со нож во Минхен. Тој повредил четири лица во напади на шест локации во градот.

https://p.dw.com/p/2mHeY
München Polizei Messer-Attacke
Фотографија: Reuters/M.Dalder

Портпарол на полицијата потврди дека е уапсено лице за кое постои сомневање дека ги извршило нападите со нож утрово во источниот дел од Минхен, на шест локации. Напаѓачот првично беше во бегство.

Според полицијата, нападнати биле шест лица, петмина мажи и една жена, по случаен избор, четворица од нив се полесно повредени, здобиле посекотини и повреди од удари. За напаѓачот, чии мотиви не се познати, не се соопштени сѐуште никакви детали, се врши проверка дали е уапсено вистинското лице.

Откако во утринските часови беа ивршени нападите со нож, полицијата ги повика жителите од околината да останат во своите домови. Потрагата по извршителот веројатно била олеснета поради тоа што од синоќа е во прекин метро-линијата кон центарот на градот, па тој немал можност за брзо бегство со подземна железница.

Денешниот инцидент кај многумина граѓани ги оживеа сеќавањата на повеќекратното убиство од јули 2016. година, кога 18-годишно момче во Минхен уби девет лица.