1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција: Се препорачува исклучителна претпазливост

ЕМФ/афп/ртр/mfa.gov.mk16 јули 2016

По обидот за пуч во Турција, министерствата за надворешни работи на Германија и на Македонија препорачуваат исклучителна претпазливост.

https://p.dw.com/p/1JPxC
Фотографија: Reuters/Y.Karahan

На германските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Турција, Министерството за надворешни работи во Берлин им препорачува да бидат особено претпазливи и во случај да е тоа неопходно да не ги напуштаат становите и хотелите во кои се наоѓаат. Во укажувањата на германското МНР од изутринава се вели и дека поради привременото затворање на истанбулскиот аеродром Ататурк, туристите би требало да стапат во контакт со своите тур-оператори или авиокомпаниите со кои патуваат. Министерството за надворешни работи оценува дека состојбата во Турција „во моментов“ е сѐ уште нејасна.

Со соопштение се јави и македонското МНР. Во известувањето од претпладнево се вели дека Министерството за надворешни работи континуирано ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со македонската амбасада во Анкара и конзулатот во Истанбул. Сите македонски граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Турција треба да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации, препорачува Министерството.