1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тур Д’Франс е во агонија

Тони Гламчевски26 јули 2007

Тур Д’Франс денес ќе се вози без жолтата маичка. Данецот Микаел Расмусен, жолтата маичка и вчерашниот убедлив победник на 16 планинска етапа во Пиренеите, исвиркуван и исплукуван од публиката е исклучен од трката.

https://p.dw.com/p/BMLy
И Расмусен го извалка образотФотографија: picture alliance / dpa

Одлуката за бркањето на Расмусен од Тур Д’ Франс ја донесе неговата сопствена екипа Рабобанк.

„Тој ги прекрши правилата на екипата“, изјави портпаролот на Рабобанк. Премногу лаги околу неговиот план за тренинзи за да ја избегне анти-допинг контролата, тврдејќи дека се наоѓа во Мексико, иако беше во Италија.

За Марк Мадио, спортскиот директор на француката екипа Франсез де же, заминувањето на Расмусен е победа за борбата против допингувањето, но се уште сме далеку од конечната победа во битката против лажговците.

„Се наоѓаме во вистинско бунило, како во серијата Далас, во еден лош филм. Чувствуваме дека велосипедската федерација денес сака да оди до крај. Повлекувањето на Расмусен не смее да го прекине еланот кој се разви. “

Расмусен исчезна

Денес никој не знае каде се наоѓа Расмусен, па ниту француската жандармерија која синоќа го бараше во неговиот хотел за да го испитува.

Допинг аферите не завршуваат тука. Претходеше исклучувањето на Алекасндар Винокуров по позитивната контрола за трансфузија на компатибилна крв, што резултираше со заминување на екипата Астана. Трката нема да ја продолжи и италијанецот Кристиан Морени, за кој се откри дека се допингувал со тестостерон. Тестовите беа направени по 11-та етапа меѓу Марсеј и Монтпелие. Морени кој беше уапсен вчера од француската жандармерија на целта во Обиск. Поранешниот италијански шампион не побара контраескпертиза признавајќи дека самиот се допингувал. Француската екипа Кофидис, за која се натпреваруваше Морени, исто така ја напушти Тур д’Франс.

Лидер на трката сега е младиот Алберто Контадор, кој исто така буди сомнежи.

Трката продолжува, бидејќи како што вели Патрис Клер еден од организаторите на Тур д’Франс, го има случајот Расмусен и другите кои не се потсмеваат со луѓето. Според Клер, ова покажува дека не може да се лажира без да се биде казнет, исклучувањето на Расмусен е добра вест.

„Микаел Расмусен не e пример. Од моментот кога некој е способен да гo излаже својот сопствен работодавач за методите на подоготвка, како тогаш може да ги преземе врз себе одговорностите на примерен лидер.“ – вели Патрис Клер.

Во велосипедизмот се вмеша и политиката

Францускиот пратеник и лекар на велосипедската трка „Четирите дена на Данкерк“, Кристиан Утан бара :

„Знаеме дека може да се лаже со допингот за време на подготвките, како пратеник ќе побарам создавање парламентарна група за да се изврши притисок врз француските, европските или светските спортски институции и да започне вистинска војна против допингот“.

Францускиот печат е јасен. Франс Суар, објавува парастос на првата страница во кој читаме дека Тур д’Франс почина на 25 јули 2007 на возраст од 104 години, по тешко и долго боледување. Во истата линија Либерасион објаснува дека трката е мртва и дека повеќе нема да го објавува пласманот бидејќи бројните допинг-афери ги отстрануваат сите спортски вредности. Спортскиот весник Л’Екип со еден збор на целата прва страница Над ликот на данецот Расмусен.– ИСКЛУЧЕН!