1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трст – царство на кафето

16 септември 2007

Капучино, еспресо, макијато – вкусните специјалитети од кафе речиси насекаде во светот ги носат изворните италијански имиња. Причината е во италијанскиот град Трст,најпознатото пристаниште за увоз на кафе.

https://p.dw.com/p/BbNU
Фотографија: AP

Кафе индустријата е најраширена во северно италијанското градче. Тука се увозниците, транспортните фирми, лабораториите и пржилниците. Но, Трст е посебен и по уште нешто – тука се наоѓаат едни од најстарите кафетерии во кои пиењето кафе е посебно доживување.

Високи песочни карпи, синилото на Јадранското море и едно големо бучно пристаниште.Тука на северниот крај на Италија, во близина на словенската граница лежи градот Трст. Токму таму на почетокот на 18 век трговците за првпат ги усидрија бродовите натоварени со кафе од Северна Африка, Бразил и Блискиот Исток. Во тоа време Трст беше дел од Австроунгарија и најголемото пристаниште во Рајхот.

Од пристаниште на преработка

И денеска во воздухот се чуствува мирисот на кафето, кога пристанишните работници ги претовараат вреќите со темни зрна. Макс Фабијан е претседател на друштвото кое се занимава со трговија со кафе во Трст.

“Во моментов овде имаме складирано околу еден милион до милион и половина вреќи кафе. Преку Трст годишно се увезуваат до 2,5 милиони вреќи”.

Компанијата Пакорини од Трст, во првред е логистичко претприемачка фирма. Таму зрната кафе се чистат, сортираат и се тестираат пред потоа да им бидат предадени на пржилниците и продавачите на кафе.

“Мора прво да провериме дали има нечистотија, некакви недостатоци, дали зрната се добри. Потоа мора да изготвиме листа со карактеристики на кафето и да им ја испратиме на муштериите”.

Серџо Вата е еден од контролорите за квалитет во лабораторијата на Пакорини.

“Кафето прво се пржи па се меле и тоа на различни начини. Тоа зависи од бојата и потеклото на кафето. Има стриктни правила како се меле кафето за да се добие убав вкус.

Серџо Вата стави две свежи шољи еспресо на масата во лабораторијата. Го сркна кафето во една голтка, направи гаргара и го плукна во пластична чашка.

“Почнуваме со кафе без шекер, а потоа со засладено. Ова е добро кафе, без недостатоци. Слатко, со полна арома. Навистина добро кафе. ”

Секако во Трст ниту пржилниците за кафе не се далеку.

Марино Петронио, сопственикот на пржилницата Сан Џусто ни покажува вреќи со кафе од Индија, Колумбија, Бразил, Виетнам и Гватемала.

“Нема сорта кафе која сама по себе е вкусна. Затоа ги мешаме сортите. Кисела сорта кафе ќе даде само кисело кафе. Има добро проветрени зрна кафе кои даваат арома, но немаат вкус. Кога ќе ги измешате овие квалитети, тогаш ќе добиете производ што ќе ги содржи сите потребни работи”.

Посебни вкусови

Мешавината од кафе којашто сега се пече е нарачана за кафетерија во Србија. Сан Џусто продава многу кафе во земјите од поранешна Југославија.

“Луѓето во поранешна Југославија многу сакаат италијанско кафе. Особено ова што доаѓа од Трст, бидејќи градот е познат по пристаништето во кое доаѓа кафе како и по производство на добро кафе ”.

Но, Трст нема само традиција за производство на кафе. Тука со години се негува и традиција на пиење кафе. Локалците таму пијат два пати повеќе кафе од секој просечен Италијанец – десет кила по глава годишно.

Кафетериите-дел од традицијата на Трст

Дискретно осветлената кафетерија Сан Марко е оаза на тишината. Буката од надвор, речиси и да не се слуша. Кафетеријата е една од петте историски, кои се уште постојат во Трст. Многу малку работи се променети од времето кога писатели како Џејмс Џојс, Итало Свево и Умерто Саба овде уживале во своето кафе.

Triest - Großbild
Италијанското пристаниште ТрстФотографија: PA/dpa

“Писателите овде доаѓале и во минатото и сега. Фреските на ѕидовите, масите, барот – се е оригинално. Исторските кафетерии се исто така дел од традицијата на Трст.

Франко Фелипи, веќе десет години ја води кафетеријата Сан Марко. Ми подготви специјално кафе направено по трстјански специјалитет. Се сервира во малечка чаша, наместо во шоља.

Темното ароматизирано кафе е одлично. Всушност, како може да биде поинаку во градот кој повеќе од двесте години е царството на кафето.