1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тројца загинати во големо невреме во Германија

ЕМФ/дпа/ард30 мај 2016

Во невремето што го зафати југозападниот дел на Германија загинаа три лица. Силниот дожд предизвика лизгање на земјиштето, блокирани улици и материјални штети.

https://p.dw.com/p/1Iwqs
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Kraufmann

Невремето особено тешко погоди неколку региони во покраините Баден Виртемберг и Баварија. Кризниот штаб во министерството за внатрешни работи во Баден Виртемберг потврди дека животот го загубиле три лица. Меѓу жртвите е и еден пожарникар, кој загинал во обид да спаси човек, соопшти градската управа на Швебиш Гминд. Починало и лицето кое сакал да го спаси. Во Вајсбах, при поплавување на гаражата, животот го загубил 60-годишен маж. Освен тоа, во невремето има и повеќемина повредени.

Од поплавите предизвикани од силниот доджд се погодени особено источните делови на поркаината Баден Виртемберг - Хоенлоекрајс, Биберах, Хајденхајм, Хајлброн, Осталбкрајс, округот Алб-Донау, округот Некар-Оденвалд, како и градот Улм. Поради поплавите, во Балтринген домовите морале да ги напуштат околу 80 лица.

Deutschland Unwetter Schwäbisch Gmünd
Швебиш ГминдФотографија: picture-alliance/dpa/S. Friebe

Полицијата во Улм соопшти дека се настанати „огромни штети“. Противпожарните служби и спасувачките екипи работат без прекин. Постојано се испумпува вода од поплавените куќи. На некои места водата има височина од 1,70 метри. Спасувачките екипи се обидуваат да ги отстранат и последиците од лизгање на земјиштето и искорнатите дрвја. Автопатот број 7 беше затворен четири часа поради огромен град.

Deutschland Unwetter Braunsbach Baden-Württemberg
БраунсбахФотографија: picture-alliance/dpa/F. Kraufmann

Ситуацијата е особено тешка во Браунсбах

Многу погодено од невремето е местото Браунсбах, во округот Швебиш Хал. Полицијата соопшти дека има огромни штети на куќите, откако реката се излеала од коритото. Во местото веќе нема снабдување со струја и вода, а не функционира ниту канализацијата. Во тек е акција на евакуирање на населението. Во местото живеат околу 900 луѓе, а според наводи на полицијата вчеравечер пристигнале околу 600 повици за помош.

Градот Кинцелзау соопшти дека поради невремето денеска ќе останат затворени училиштата и градинките. Во покраината Баден Виртемберг во акција се вкупно околу 7000 спасувачи, а досега се реагирало по 2200 повици за помош.

Погледнете го видеото:

Жртви и материјални штети