„Тројката“ незадоволна од грчката „метла“
2 октомври 2011Исплатата на следната транша е обезбедена, изјави министерот за финансии Евангелос Венизелос за неделникот „То Вима“. Народот понесува големи жртви, а владата носи тешки одлуки. Дискусиите за банкрот на високозадолжената Грција Венизелос ги отфрли и оцени дека се наивни и опасни.
Во тек е порверка на мерките за штедење што ги спроведува грчката влада од страна на т.н. меѓународна „Тројка“ (експерти од Комисијата на ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд). Експертите меѓутоа се незадоволни со делот од планот за намалување на бројот на државните службеници, оти според нив грчката влада има намера да ги испрати во „резерва“ само постарите службеници. Ваквата програма нема да заштеди пари, уверена е „Тројката“.
Намалувањето на бројот на службеници во јавниот сектор е еден од условите, за кои е врзана исплатата на наредната транша меѓународна финансиска помош од осум милијарди евра.
Автор: АТ/ ЖА/дв
Редактор: Жана Ацеска