1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Третиот пол - одамна неопходна одлука

9 ноември 2017

Да се биде ниту женско ниту машко, за оние што се погодени, е елементарен проблем. И воопшто не е важно за колку луѓе се работи. Политиката мораше уште одамна да преземе нешто, смета Кристоф Штрак.

https://p.dw.com/p/2nM4d
Symbolbild drittes Geschlecht
Фотографија: Colurbox

Добри 180 страници опфаќа мислењето на Германскиот совет за етика со концизен наслов „Интерсексуалност“. И веќе првите страници се многу импресивни: насловот гласи „Погодени од животот“. Во описот на еден случај стои: „Роден сум во 1965 година со тешка срцева мана и недоразвиени гениталии. Поради срцевата мана, бев крстен само неколку дена по моето раѓање, бидејќи лекарите претпоставуваа дека нема да преживеам долго ...“. Приказната опишана на три страници завршува со зборовите: „Мојот идентитет, моето достоинство ми е одземено.Сега се борам да си го повратам.“

Препораката за акција е дадена од поодамна

Уште во 2010 и 2011 година Советот за етика се занимаваше сеопфатно со ситуацијата на интерсексуалните лица и се обидуваше онлајн, како и на разни настани, да размени искуства со засегнатите. Изработката на деталното мислење беше спроведена „по налог на Сојузната влада“. Во февруари 2012 година - пред повеќе од пет и пол години - документот беше објавен и испратен до германската влада. Придружуван од вообичаените зборови на поддршка од политичарите.

Уставниот суд пресуди дури на крајот од 2017 година. Од напишаното на Советот за етика две речници се клучни за да покажат дека властите морале да преземат нешто уште од 2012 година: „Советот за етика“, се вели, „е на мислење дека не се оправдани интервенции во лични права и правото на еднаков третман кај лица кои поради телесната конституција не се чуствуваат ниту како 'женски' ниту 'машки', и тие законски да се принудуваат во матичната книга да им се додели една од овие категории. Според тоа, треба да се пропише дека освен регистрацијата како 'женски' или 'машки' пол, овие лица можат да изберат и опција 'друго', или пак да не им биде регистриран полот додека засегнатото лице не одлучи само.“ Изјави, кои беа поддржани од црковните и секуларните етичари во ова тело. До ден-денес тие потсетуваат на приказната за страдањето на засегнатите.

Највисоките германски судии дури сега постапија. Ова сѐ изгледа спектакуларно и предизвика меѓународно внимание. И добро е што е така. Но ова внимание и не е изненадувачко. Бидејќи судиите во Карлсруе уживаат голем углед низ целиот свет, што се покажува и на нивните патувања и стручни дискусии со колеги или посети на други високи судови во Карлсруе.

Срамно непочитување

По толку јасна препорака од Советот за етика, кој работи пред сѐ за политиката, законодавецот одамна можел да извлече соодветни одлуки. Конкретниот пример јасно покажува која е важноста на ова тело со неговата тивка, но детална работа, за политиката, парламентот и владата. Дотолку повеќе ова очигледно непочитување е повеќе од срамно.

Притоа постои потребата да се направи точна разлика: интерсексуалноста е медицински јасно дефиниран феномен. Тоа не прави никаква разлика во перцепцијата на достоинството на оние кои се засегнати, без разлика дали се работи за неколку стотици или илјадници случаи годишно. Описот на случаите кои се погодени го покажува тоа. Интерсекуалноста е јасно видлива и треба да се оценува различно од транссексуалност, односно кога мажите  живеат во тела на жени, или обратно - жени живеат во машки тела.

Првиот Сенат на Сојузниот уставен суд прозборе, и добро е што тој донесе јасна одлука со седум гласови „за“ и еден „против“. Сега политиката е под притисок и трча зад Советот за етика и судот. На почетокот на работата на новиот законодавен дом (кога и да биде тоа), Парламентот има задача повторно да се осврне на етичкото прашање на човековото постоење. И тоа е добра задача.