1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трајковски умееше „и со царот и со овчарот„

Горан Петрески26 февруари 2007

„Верувам во Македонија„ е документарец во чест на поранешниот македонски претседател. Беше промовиран синоќа на академијата со која почна одбележувањето на тригодишнината од смртта на Борис Трајковски.

https://p.dw.com/p/AdZF
Борис Трајковски
Борис ТрајковскиФотографија: AP

Режисерот на филмот, „Верувам во Македонија„, Горан Тренчевски рече:

„Со овој филм покажавме дека навистина умееме да зборуваме за делата и пред се за личностите, покрај тоа што инспирацијата и самата иницијална каписла потекна од делото и мисијата на покојниот претседател, Борис Трајковски“.

На академијата освен македонскиот државен и црковен врв присуствуваа и странски политичари. Актуелниот претседател на Албанија, Алфред Мојсиу и поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов. Модераторот на акдемијата, Софија Гогова Врчаковска, рече: „Неговата едноставна големина беше да се умее “и со царот и со овчарот подеднакво“. Можеби бог го сакаже само за себе, оти му беше близок, за оттаму да ја пазат и чуваат Македонија обајцата.“

По академијата, семејството на Трајковски организираше вечера на заедништво и молитва на која со нивните гости, пријатели и колеги на поранешниот македонски претседател, евоцираа спомени и се сеќаваа на ликот и делото на Борис Трајковски.

Одбележувањето на годишнината од смртта на Трајковски продолжува со меѓународен лидерски форум во организација на фондацијата што го носи неговото име.