1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп и ѕидот кон Мексико: Челикот ќе биде заменет со бетон?

26 јануари 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша декрет за изградба на ѕид на границата со Мексико. Притоа, границата делумно е веќе оградена со челични шипки и жица.

https://p.dw.com/p/2WPhw
Mann an Grenze Mexiko USA
Фотографија: SWR

Изградбата на ѕидот беше едно од централните ветувања на Доналд Трамп. Со ѕидот треба да се намали илегалното доселување и трговијата со дрога. Во интервју за телевизијата Еј-Би-Си американскиот претседател рече дека изградбата на ѕидот треба да почне во наредните месеци.