1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп го шармира лобито за оружје

ЕМФ /агенции
5 мај 2018

Американскиот претседател и лобито за оружје во САД се борат заедно - тоа Доналд Трамп го стави јасно до знаење на годишната средба на Националната агенција за оружје (НРА).

https://p.dw.com/p/2xDB8
USA Donald Trump besucht NRA
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP Images/S. Ogrocki

Настапот на Доналд Трамп не остави простор за сомнеж - американскиот претседател во судирот околу заострувањето на законите за оружје и натаму е на страната на моќната лоби-организација за оружје НРА. На годишната средба на НРА во Далас, Трамп рече: „Имате влада која се бори за вториот амандман на Уставот и која го заштитува.“

Демократите се тие кои сакаат забрана за оружјето, тврди Трамп, кој во февруари годинава звучеше поинаку. По масакрот во училиштето во Паркланд, Флорида, во кој беа убиени 17 ученици, тој најави дека ќе го заостри односот кон лобито за оружје. Учениците во целата земја бараат построги закони за оружје. Во март стотици илјади ученици учествуваа во „Марш за живот“ и против вооруженото насилство.

Повеќе: Деца, ви благодариме: Протестите во САД покажаа дека промени се можни

Но, на собирот на НРА во Флорида, сега немаше ниту збор од барањето на Трамп за поостри правила за продажба на оружје. Според него, доколку САД преземаат драстични чекори како „забрана“ на продажба на оружје, тогаш би требало да се забранат и сите камиони кои „лудите терористи“ ги користат како оружје за напади. „Никогаш нема да се откажеме од нашата слобода. Ќе живееме слободно и ќе умреме слободно“, рече Трамп проследен со громогласен аплауз на присутните на годишната средба на НРА.

USA Donald Trump besucht NRA
Фотографија: Reuters/C. Barria

Моќно, помоќно, лоби за оружје

НРА, според сопствени наводи, има пет милиони членови и ефикасна лоби-машинерија. Асоцијацијата годишно троши милиони долари за остварување на сопствените цели и за поддршка или за остри напади врз политичари. Во кампањата за претседателските избори 2016, НРА потроши околу 10 милиони долари за поддршка на Трамп и 20 милиони за реклами против неговата ривалка Хилари Клинтон.

НРА со години се противи жестоко на заострување на постоечките закони за оружје. Притоа, асоцијацијата се повикува на вториот амандман на Уставот на САД, кого го толкува како гаранција за прилично неограничено индивидуално право на поседување оружје. Во сојузната држава Флорида, НРА поднесе тужба против законот донесен во март, кој построго го регулира користењето и купувањето огнено оружје.