1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Тешка несреќа во САД - воз излета од шини

ЕМФ /агенции
19 декември 2017

Во тешка железничка несреќа во американската сојузна држава Вашингтон загинаа најмалку три лица, а повредени се најмалку сто.

https://p.dw.com/p/2pbw3
Bahnunglück in den USA
Фотографија: picture-alliance/dpa/E.Thompson

Дел од повредените имаат тешки повреди, па се претпоставува дека бројот на загинати ќе се зголемува. Возот излетал од шините за време на првото патување по една модернизирана траса. Притоа, повеќе вагони од мост паднале на автопат. Како дошло до несреќата засега е непознато, а експерти работат на утврдување на причините.

„Одеднаш почувствувавме нишање и слушнавме силен тресок и имавме чувство како да се лизгаме по рид надолу“, изјави патникот во возот Крис Карнс за една од локалните телевизии. „Бевме исфрлени на седиштата пред нас, прозорците се искршија, застанавме и од возот почна да тече вода. Луѓето врескаа“, раскажа Карнс.

Дел од вагоните од возот кој превезувал 77 патници се урнале од мост на автопат во утринскиот сообраќаен шпиц. Притоа се оштетени пет автомобили и два камиона.

Тешка железничка несреќа во САД