Пред секои локални избори, проблемите на Тетово остануваат исти - водоснабдувањето и депонијата. Пред секои избори се ветува нивно решавање, но ништо не се случува. Градот под Шара е жеден и покрај вода, има рестрикции за нејзина употреба. Тетово е и еден од најзагадените градови.