1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Терористички напад во престолнината на Буркина Фасо

14 август 2017

Во вооружен терористички напад врз гостите на еден ресторан во главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу, ноќеска се убиени 20 лица, потврди министерот за информации Ремис Данџиноу. Меѓу убиените се и двајца напаѓачи. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу жртвите има и еден турски државјанин. Преку 20 посетители на ресторанот „Кафе Истанбул“ во центарот на градот се ранети.

https://p.dw.com/p/2iB2D