1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тереза Меј, Брегзит и вчерашните дрдорења

Марко Лангер/Гардијан
26 октомври 2016

Дека британската премиерка Тереза Меј била против Брегзит е познато, но сега весникот Гардијан пишува колку многу била против излез од ЕУ.

https://p.dw.com/p/2RiFT
Großbritannien Theresa May vor 10 Downing Street
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Oliver

Британскиот весник Гардијан, под ознаката „ексклузивно“, донесува текст под наслов „Што вистински мисли  Тереза Меј за Брегзит“, кој ја отсликува целосно актуелната политичка драма на островот. Според текстот, Тереза Меј на 28.мај во Лондон во зградата на банката Голдман Сакс одржала говор во кој жестоко и категорично аргументирала против излез на својата земја од ЕУ. Уште повеќе: пледирала Лондон да преземе водечка улога во ЕУ, „а со наше лидерство, можеме да постигнеме многу работи.“

Јасни аргументи

Еден месец пред референдумот политичарката набројала што сѐ зборува во прилог на останување во ЕУ. „Мислам дека економските аргументи се недвосмислени.За нас е важно да се биде дел од 500-милионски трговски блок“, цитира Гардијан од досега необјавени тонски снимки на говорот на Меј. Бројни инвестиции во Велика Британија би се реализирале само ако земјата остане дел од ЕУ. „Ако не останеме во ЕУ, верувам дека бројни фирми ќе си го постават прашањето: треба ли да го зголемуваме своето присуство на континентот наместо на островот?“ Притоа, јасно е дека на британските претпријатија им е потребна „најголемо можна слобода за оперирање во заедничкиот внатрешен пазар“, истакнала Меј. Таа инаку во говорот го фали тогашниот премиер Дејвид Камерон, чија карикатура објави весникот Гардијан со кондом на главата, т.н. Гума-човек. 

Старите цитати на госпоѓа Меј може да се отфрлат со пословичната аргументација: „Кој се грижи за вчерашни дрдорења“. Сепак, неоспорно е дека во Даунинг Стрит број 10 новинскиот извештај од Гардијан се прифаќа воздржано и од една друга причина. 

Großbritannien Cameron verlässt mit seiner Familie Downing Street
Камерон со семејството го напушта Даунинг Стрит број 10Фотографија: Reuters/P. Nicholls

Се тврди дека говорите во Голдман Сакс повремено се велокодушно хонорирани. Гардијан упатува на фактот што Хилари Клинтон во 2013. година за три реферати пред банкарите била наградена со 675.000 долари. А, според Викиликс, госпоѓа Клинтон била поштедувачки настроена кон Вол Стрит. Јавно, американската претседателска кандидатка денес се позиционира поинаку. Голдман Сакс за Гардијан одговара дека Тереза Меј не била хонорирана, но го потврдува одржувањето на говорот. Во Велика Британија сега владее возбуда. Тим Ферон на пример, лидерот на Либерал-демократите, е револтиран што премиерката не собрала политичка храброст да ја предупреди јавноста од Брегзит со толкава јасност со каква што настапила пред „еден куп банкари“. 

Großbritanien Pro-EU-Kolumne von Boris Johnson aufgetaucht
Борис Џонсон - лицето на БрегзитФотографија: Reuters/T. Melville

„Јунаците“ ги снема

Притоа, се заборава дека и поранешниот Брегзит-мегафон Борис Џонсон јавно пропагираше излез од ЕУ, а лично потоа не знаеше да се справи со резултатот. Тоа не може да му се префрли на господин Камерон ( оној со кондомот на главата). Тој не сакаше Брегзит, но лекомислено дозволи одржување референдум. Камерон? Тој замина! Џонсон? Во меѓувреме исто така замина, но сега се наоѓа на условна казна како министер за надворешни работи. Најџел Фараж, шефот на анти-ЕУ партијата УКИП? Исто така го нема! На крајот, госпоѓа Меј е таа која треба да ги составува скршените парчиња.

Со нетрпение се очекува кога Велика Британија фактички ќе го спроведе Брегзитот. Некои во Лондон велат дека Тереза Меј игра на време, за да ги скроти прекумерните конзервативци во својата конзервативна партија. Тие отсекогаш беа против ЕУ. Можеби Тереза Меј е сепак единствената достојна наследничка на една друга дама која долго живееше во Даунинг Стрит број 10. . „The lady's not for turning", изјави своевремено Маргарет Тачер. Со неа не се можни пресвртни маневри! Тоа беше во 1980. година. Имено, некогаш сѐ беше подобро.