1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тепачка меѓу мигрантите кај Идомени

ЖА10 мај 2016

Во импровизираниот бегалски камп кај Идомени во Грција, на северната граница кон Македонија, дојде до судири меѓу Авганистанци, Курди и Пакистанци. Полицијата употреби солзавец за да ги смири.

https://p.dw.com/p/1Il70
Фотографија: Reuters/S.Nenov

Околу 300 мигранти и бегалци се гаѓаа меѓусебно со камења и метални предмети. Грчката полиција употреби солзавец за да ги раздели закараните групи. Имаше повредени кои беа пренесени во шаторите. Околу пладне ситуацијата полека се смири. Во Идомени се наоѓаат околу 10.000 бегалци и мигранти, надевајќи се на отворање на грчко-македонската граница и продолжување на патот кон север по веќе затворената Балканска рута. Тие упорно одбиваат да ја напуштат границата и да бидат преместени во бегалски прифатилишта низ Грција.

Погледнете го видеото:

Судири во Идомени