Тајфунот Меранти пустоши во јужна Кина
15 септември 2016Реклама
Тајфунот Меранти има брзина од над 200 километри на час. Тоа е најсилниот тајфун во провинцијата Фуџиан од почетокот на регистрирање на временските прилики пред 67 години. Тајфунот предизвика огромни штети на електричната мрежа, така што дојде до „масивен прекин на снабдувањето со струја“, јави кинеската агенција Ксинхуа.
Властите од луѓето побараа да не излегуваат од дома. Бродовите се вратени во пристаништата поради брановите високи до 12 метри пред брегот на Тајван. Откажани се околу 175 летови само во провинцијата Фуџиан, а во провинцијата Гуангдонг се запрени и возовите. Градинките и училиштата во регионот се затворени од вчера.
Меранти претходно дивееше на југот на Тајван и практично го парализираше животот на милиони луѓе.