1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Музика

Тајна „свирка“ на У2 во берлинското метро

СН/ агенции
7 декември 2017

Прочуената ирска рок-група У2 изведе специјален концерт во Берлин. Тие најнапред се возеа во истоимената метро- линија и на станицата „Дојче опер", пејачот Боно и гитаристот Еџ настапија како нормални улични музичари.

https://p.dw.com/p/2ov57
Berlin U2 fährt U2 - Irische Rocker spielen im Berliner Untergrund
Фотографија: picture-alliance/Radioeins/A. Caspary

Ирските рок музичари Боно и Еџ на бендот У2 имаа вчера попладне имаа краток настап во подземната железница во Берлин. Радио станицата Радио Ајнц покани 500 слушатели на тајниот мини-концерт. Претходно Боно и Еџ заедно со стотина обожуватели се возеа неколку станици со линијата У2 на берлинското метро.

Сосема необичен настап на У2 во Берлин

На станицата „Германска опера“ тие потоа настапија со акустични гитари (речиси) како нормални улични музичари. Музичарите го промовира нивниот прв албум по цели три години.  Покрај тоа што отсвиреа една песна од новиот албум „Songs of Experience" , тие на тајната „свирка“ ги разнежнија обожувателите и со две од најпопуларните и најубави песни на У2 -„Sunday, Bloody Sunday“ и „One“.