1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Сѐ помали надежи за преживеани под урнатиот мост во Мајами

СН/ агенции
16 март 2018

Пешачкиот мост допрва требаше официјално да биде ставен во употреба. Сепак новизградениот мост без предупредување се урна врз фреквентниот автопат. Најмалку шест луѓе загинаа

https://p.dw.com/p/2uRBk
USA Einsturz von Fußgängerbrücke in Miami
Фотографија: picture-alliance/dpa/WPLG

Спасувачите деноноќно работеа на местото на несреќата во обид да пронајдат преживеани во урнатините на пешачкиот мост, кој падна врз неколку возила на автопатот со шест ленти во Мајами. Меѓутоа надежите за тоа се сѐ помали, соопшти полицијата во американскиот град.

Веќе е потврдено дека шест лица загинаа во уривањето на новоизградениот мост од 950 тони врз еден од најфреквентните автопати во јужна Флорида.  Уште најмалку 10 лица беа однесени во болница по несреќата, а две од нив се наоѓаат во критична состојба.

Мост се урна врз автопат во Мајами

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Твитер напиша дека уривањето на мостот и трагичен настан и ги пофали спасувачките екипи кои веднаш се нашле на лице место. „Ви благодарам на храброста“, напиша Трамп на Твитер и истакна дека се моли за сите кои се погодени од трагедијата.

USA Einsturz von Fußgängerbrücke in Miami
Фотографија: picture-alliance/newscom/Daniel A. Varela/Miami Herald

Пешачкиот мост долг 53 метри беше изграден за да се обезбеди сигурен премин преку фреквентниот автопат за студентите на Меѓународниот универзитет на Флорида. Причината за уривањето на мостот засега не е позната.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид