1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Деновите на Дилма Русеф се веројатно избројани

ЖА/ртре/афп12 мај 2016

По бразилскиот Пратенички дом, и Сенатот го отвори патот за импичмент на претседателката на државата, Дилма Русеф. Во текот на маратонската седница на улиците се одржуваа масовни протести

https://p.dw.com/p/1ImEg
Фотографија: Reuters/U. Marcelino

По целоноќна дебата, утрово во главниот град Бразилија 55 сенатори гласаа во прилог на постапка за отповикување на Дилма Русеф, а 22 беа против. Со одлуката претседателката е суспендирана од функцијата првично на максимално 180 дена, а нејзините должности ги презема нејзиниот противник, заменик претседателот Мишел Тамер.

Brasilien Amtsenthebungsverfahren Dilma Rousseff - Senat in Brasilia
Сенатот во БразилФотографија: Getty Images/I. Estrela

Во периодот на отповикувањето на Русеф, Сенатот низ процес треба да разјасни дали досегашната претседателка ги прекршила буџетските правила за да обезбеди свој реизбор во 2014. година. Таа го негира обвинението и зборува за обид за пуч. Ако Сенатот по процесот се изјасни со дветретинско мнозинство против Русеф, таа дефинитивно ја губи функцијата.

Brasilien Proteste gegen die Regierung in Sao Paolo
Антивладини протести во Сао ПаолоФотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Penner

Поради борбата за власт во земјата со трета по големина светска економија со недели се одржуваат делумно насилни протести. Мнозинството од народот според анкетите е за отповикувањето на Русеф. Бразил инаку се наоѓа во најтешката економска криза во последните 100 години.