1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стотици уапсени во Русија

7 декември 2011

Според најновите податоци на руските безбедносни сили, вчеравечер (06.12) во Москва и Санкт Петерсбург се уапсени над 850 луѓе. Тие учествувале на протестите против неправилностите на изборите одржани во неделата (04.12)

https://p.dw.com/p/13O8E
Фотографија: dapd

Апсењата во Москва се извршени во рамки на акцијата против „собир на плоштадот Триумфалнаја кој немал дозвола“, соопшти портпарол на полицијата за агенцијата Итар-Тас. Безбедносните сили во Русија најавија дека ќе преземат мерки против сите демонстрации кои ќе се одржуваат без дозвола. На слични протести во понеделникот (05.12), во Москва беа уапсени речиси 300 лица. Меѓу уапсените се и активистот Алексеј Навални, кој се бори против корупцијата, како и опозициониот политичар, либералот Иља Јашин. Двајцата, во експресно брзи постапки, се осудени на 15 дена затвор поради пружање отпор против наредбите на безбедносните сили.

За сабота (10.10) се најавени демонстрации во близина на Кремљ. Опозицијата повика на овие протести преку интернет. До денеска напладне, свое учество на демонстрациите, преку социјалните мрежи потврдија илјадници луѓе. Противниците на владата ја обвинуваат партијата на премиерот Владимир Путин Единствена Русија дека на изборите имало огромен број изборни неправилности и фалсификати.

Автор: ЕМФ/дпа/афп

Редактор: А. Трајковска