1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Српските радикали го попречуваа говорот на Могерини

ЕМФ /агенции
3 март 2017

Пратениците на Српската радикална партија денеска го попречуваа говорот на Федерика Могерини во Белград, тропајќи на пратеничките клупи и скандирајќи „Србија, Русија, не ни треба Унија“.

https://p.dw.com/p/2YbnO
Brüssel Brexit Gipfel Federica Mogherini
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Huguen

Поради повеќеминутното скандирање Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини не можеше да дојде до збор. 

Покрај скандирањето на српските радикални, протест против гостинот од Брисел изразија и пратениците на Двери, кои носеа транспаренти со натпис „Србија не му верува на Брисел“.

Пратеникот на Лигата на социјалдемократи на Војводина, Ненад Чанак, по седницата оцени дека се видело оти претседателската кампања во Србија е веќе почната и дека од седницата сите им испраќале пораки на своите избирачи. Според него, претседателката на парламентот Маја Гојковиќ морала да одржи ред на седницата и да им овозможи на пратениците да ја слушнат Федерика Могерини, а радикалите морале да бидат отстранети од салата.

Хаотична седница на српскиот парламент