Сообраќаен хаос во Лондон
9 јануари 2017Реклама
24-часовниот штрајк на вработените во подземната железница предизвика прекини на транспортот на патници и долго време на чекање. Најголемиот дел од станиците во тарифната зона број 1, значи центарот на Лондон, останаа затворени.
Од штрајкот се погодени и линиите кои водат до аеродромот Хитроу. Штрајкот почна вчеравечер, откако пропаднаа преговорите на синдикатот и на Транспорт за Лондон (ТфЛ). Спорот се води околу планираните кратења на местата за продавање билети и намалување на персоналот.