1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солар Импулс - прв соларен авион што го прелета Атлантикот

Николас Мартин/сн23 јуни 2016

Авантуристите Бертранд Пикард и Андре Боршберг дојдоа чекор поблиску до остварување на сонот - лет околу светот. Нивното соларно летало за пократко време од очекуваното го прелета Атлантикот и слета во шпанска Севиља.

https://p.dw.com/p/1JBqw
Фотографија: picture-alliance/dpa/solar Impulse/Global Newsroom

Eксперименталниот авион на соларен погон „Солар импулс 2“ слета утрината во Шпанија, и по речиси три дена лет го заврши патот преку Атлантикот. Авионот од швајцарско производство слета во Севиља по 7.30 часот по локално време. Полета пред 3 дена од меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк и ова е најдолгиот пат кој го поминало едно летало на соларен погон.

Погледнете го вебвидеото за слетувањето на Солар Импулс во Севиља:

Солар Импулс- успешно прелетување на Атлантикот

Во обидот да постави рекорд и да го заобиколи светот без капка гориво, авионот на соларен погон го започна своето прво патување во март 2015 година од Абу Даби, а за време на етапниот лет направи паузи во Оман, Мијанмар, Кина и Јапонија. Ова беше првпат некој да се обиде со авион на соларен погон да го прелета Атланскиот океан. Авионот требаше да полета преку Атлантикот во неделата, но летот беше откажан поради лошото време. Соларниот авион на пат околу светот полета од Абу Даби на 9. март 2015. година. Најризичен дел од патувањето беше летот преку Пацификот, кој е поминат во две етапи.