1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Согласност за заштита на климата и длабока загриженост

Зоран Јордановски 8 јули 2008

Шефовите на држави или на влади на земјите од групата Г8 на самитот во јапонското место Тојако уверуваа дека имаат намера да ги усогласат засилената употреба на таканаречените био-горива и земјоделското производство.

https://p.dw.com/p/EYae
Г8 - Тојако

Државниците од земјите на Г8 искажаа „длабока загриженост“ поради светската криза со храна и ветија дополнителни напори за помош на луѓето што гладуваат или на друг начин се погодени од кризата. Во изјава од самитот се вели дека од почетокот на годинава се ветени повеќе од 10 милијарди долари како подршка за зголемување на земјоделското производство.

Државите од Г8 ја искажаа јасната намера да гарантираат „меѓусебна подносливост“ на продукцијата на горива од аграрни производи и обезбедувањето доволно количество прехранбени продукти. Треба да биде забрзан развојот и комерцијализација на горива од втора генерација од материјали или био-маса кои инаку не се за прехрана.

Производството на био-гориво виновник за пораст на цените на прехранбените производи

Според една студија на Светската банка, големиот пораст на производство на био-горива во САД и Европа е „најважната“ причина за силниот пораст на цените на прехранбените средства од 140 насто за последните 6 години.

Зголемените трошоци за енергија и ѓубрива и слабиот долар во покачување на цените учествуваат со само 35 насто; се’ друго е последица на био-горивата, кои предизвикаа празнење на резервите од житарици, промена во структурата на посевите, ценовни шпекулации и извозни забрани за поголемите производители на житарици. Хуманитарната ирганизација ЕкшнЕјд проценува дека био-горивата предизвикаа да гладуваат 30 милиони луѓе, а за 260 милиони веќе не е сигурно дека ќе можат да се прехранат.

Договор за преполовување на емисиите на штетни гасови

Инаку, на првиот ден од самитот е постигната согласност со цел за заштита на климата, до 2050-та година да се преполоват емисиите на штетни гасови во атмосферата. За прв пат во ова со приклучија и САД, инаку најголеми загадувачи на природната околина.

Германскиот канцелар Ангела Меркел искажа задоволство од резултатот на самитот, иако допрва престојат преговори за на крајот на наредната година да се донесе сеопфатна и обврзувачка меѓународна спогодба со конкретни бројки за среднорочни чекори за редуцирање на емисиите на гасови кои водат кон затоплување на земјината атмосфера.

Критика од екологистите

Еколошката организација Гринпис им префрли на земјите од Г8 дека со заклучоците од самитот сакаат да побегнат од сиопствената одговорност за заштита на климата. Критичарите на глобализацијата од организацијата Атак сметаат дека е гротескно што државите од Г8 бараат зголемување на црпењето нафта, наместо драстично да се намали зависноста на светското стопанство од неа.



Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема