1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Собирот на противниците на ЕУ заврши со апсења

21 јануари 2012

Полицијата и демонстрантите против влез на Хрватска во ЕУ денеска се судрија во Загреб откако неколкумина учесници на протестите се обидоа го симнат знамето на ЕУ од столбот на централниот плоштад. Има и уапсени.

https://p.dw.com/p/13nfS
Фотографија: picture alliance / dpa

Според досегашните информации, полицијата привела неколкумина организатори на протестите на околу двеста граѓани, кои се противат на влез на Хрватска во ЕУ. Организаторите на протестите ги повикаа граѓаните да гласаат против ЕУ на утрешниот (22.01) референдум и да почнат со, како што велат, „симнување на противзаконски истакнатите знамиња на ЕУ во Загреб“.

Еден од организаторите на протестите, Натко Ковачевиќ, oбјаснувајќи зошто треба да се гласа против влез во Унијата, рече: „Ќе се населат странци и веќе нема да можеме за ништо да одлучуваме“. Како аргументи против ЕУ главно беа наведувани тези дека луѓето ќе останат без работа и дека во Хрватска ќе стигнат европски цени, а ќе останат хрватски плати.

Vesna Pusic HNS Kroatien
Весна Пусиќ, министер за надворешни работиФотографија: DW

Говорниците на собирот во Загреб остро ги критикуваа властите во Хрватска, а особено министерката за надворешни работи Весна Пусиќ поради проверопската политика што се води. Пусиќ, пак, денеска изјави дека сите истражувања покажуваат оти мнозинството граѓани е за „европска Хрватска и за сигурноста што тоа опкружување ја дава“. Таа го повика граѓаните да излезат во што поголем број на утрешниот рефрендум.

Автор: ЕМФ/бета/хина

Редактор: А. Методијев