1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со смртта на Судан замина и последниот бел носорог

20 март 2018

Последниот мажјак од видот северен бел носорог умре денеска. Со него, изумира и неговиот вид. Но можеби, сепак, има надеж...

https://p.dw.com/p/2ucvZ
Kenia Nördliches Weißes Nashorn
Фотографија: Reuters/Baz Ratner

Судан, последниот жив бел носорог, почина денеска во Кенија. Имаше 45 години, а беше роден во Судан во 1973 година. Откако бил заловен во 1975 година, до декември 2009 година живеел во Зоолошката градина „Двор Кралове“ во Чешка. Потоа е вратен во дивината во Кенија, како еден од последните од неговиот вид. Неговиот негувател Џејмс Моинда минатата недела изјави дека Судан ги одбројува последните денови од животот. Причина е неговата старост, која е еднаква на 90 човечки години. 

Замина и последниот бел носорог

Во светот остануваат само уште два живи примероци на белиот носорот, ќерката и внуката на Судан.
Изумирањето на белиот носорог е директна последица на нивниот масовен лов и бавното размножување.
Обидите Судан да ги оплоди своите женски роднини завршија неуспешно.
Но надеж сѐ уште постои... Научниците од Институт за зоолошки истражувања во Лајбниц се обидуваат вештачки да ги оплодат двете преостанати женки, користејќи сочувана сперма од изумрени мажјаци. Сепак, и самите научници признаваат дека досега методот не дал резултат. Доколку успеат во намерата, тоа може да биде спас и за многу други животински видови кои се соочуваат со изумирање.