1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со приватни доверители во спас на Грција!

17 јуни 2011

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози се едногласни за потребата од брз втор кредитен пакет за спас на Грција во кој би биле вклучени и приватните банки, на доброволна основа.

https://p.dw.com/p/11dUJ
Компромис и хармонија - Меркел и Саркози во БерлинФотографија: picture alliance/dpa

„Колку побрзо се реши проблемот, толку побро. Значи сега ни треба нова програма за Грција!“, јасно порача канцеларката Ангела Меркел за темата која деновиве повторно го врти светот – заканувачкиот банкрот на Грција и спасот на еврото.Три часа за новиот пакет мерки за помош кој ќе се најде на дневниот ред и на престојниот министерски Совет, Меркел разговараше со францускиот претседател Никола Саркози.И како настапија и двајцата на пресконференцијата: компромисот е постигнат! Договорени се насоките. Модалитетите на програмата допрва ќе се дефинираат, но како кажа Саркози, голем пробив е утврдувањето на четирите принципи.

Првиот е доброволното учество, што е од големо значење.Потоа е обврската за враќање на кредитите, што значи нема да има ненаплатени долгови. Трет принцип е брзината на донесувањето на програмата и конечно согласноста со Европската централна Банка“, објасни францускиот претседател Саркози.

Поддршка за Папандреу

Посакуваме учество на приватните доверители на доброволна база. Подвлекувам - на доброволна база, што значи дека нема правна основа за нивно задолжително учество и тоа ќе треба да се дефинира заеднички со Европската централна банка. Нема противречности и мораме брзо да дејствуваме за да има јаснотија во целата работа. Дискутиравме цел мај, сега и јуни, без да се дојде до решение“, забележа канцеларката Меркел.

Griechenland / Papandreou / Parlament
Папандреу ја има поддршката од Берлин и ПарисФотографија: AP

Инаку, вклучувањето на приватните доверители во програмата за помош Меркел го окарактеризира нарече „разумно“ решение, подвлекувајќи дека мошне значајно е и Грција да си ги исполни обврските за штедење што е всушност и предуслов за ангажманот на ММФ, Европската централна банка и Европската комисија. Таа објасни дека по сите турбуленции што деновиве се случуваат во Атина, Германија и Франција и натаму стојат зад премиерот Папандреу, кој очекува сигнал од престојниот министерски совет од кој практично ќе зависи - дали втората програма за штедење ќе мине во грчкиот парламент.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Симе Недевски