1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смртоносни истрели пред еврејско училиште во Тулуз

19 март 2012

Најмалку четири лица се убиени откако човек отворил оган пред едно еврејско училиште во Тулуз. Конференцијата на европските рабини жестоко го осуди нападот. Француското обвинителство отвори истрага за териоризам.

https://p.dw.com/p/14MlC
Фотографија: AP

Во еврејското чилиште во Тулуз, по напад загинаа најмалку четири лице од кои деца на возраст од 3, 6 и десет години, соопшти локалниот обвинител додавајќи дека напаѓачот пукал во се’ што се движело, а потоа на моторциклот избегал од местото на злосторството. Во нападот има и неколку повредени лица меѓу нив две потешко.

Во југозападниот дел на Франција, односно во градовите Монтабан и Тулуз минатата недела, човек на моторцикл во два посебни напади смртно застрела тројца француски војници.

Францускиот претседател Никола Саркози ги откажа сите денешни термини и пристигна во Тулуз. Во изјава за француското радио тој истакна дека е премногу рано денешниот напад да се поврзува со убиството на тројцата војници во истиот регион, иакао медиумите веќе јавија дека тој бил извршен со огнено оружје со муниција од ист калибар.

По нападите во Тулуз и Монтабан во меѓувреме започна истрагата од страна на француските правосудни органи поради сомневање за тероризам. Државнтото обвинителство во Париз, одговорно за тероризам, соопшти денеска дека повело истрага во три случаи, соопшти државниот обвинител Франсоа Мулин. Станува збор за „убиство и обид за убиство поврзано со терористичко здружение“.

Конференцијата на европските рабини жестоко го осуди нападот врз еврејското училиште во Тулуз „Ова страотно дело е знак за општество, кое допушта нетолерантност“, соопшти претседателот, рабинот Пинхас Голдшмит денеска во Брисел. Конференцијата на рабините апелираше до француската влада темелно да ги расветли криминалните напади и да ги казни одговорните.

Автор: АТ/ ЖА/ ртр/ дпа/ афп/ кна

Редактор: Жана Ацеска