1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Смртоносен напад врз Израелци

СН/ агенции
26 септември 2017

Вооружен Палестинец смртно застрела тројца Израелци на влезот на еврејската населба Хар Адар на Западниот Брег. Напаѓачот, пак, бил убиен од останатите чувари на населбата.

https://p.dw.com/p/2kiTH
Westjordanland Schießerei in der jüdischen Siedlung Har Adar
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Illean

Тројца Израелци, припадници на обезбедувањето на еврејска населба на Западниот Брег се убиени, а четврти е тешко ранет кога еден Палестинец пукаше во нив пред влезот населбата Хар Адар, која се наоѓа северозападно од Ерусалим, се наведува во извештаите на израелската полиција.

Палестинскиот напаѓач е исто така убиен. Портпаролот на израелската полиција соопшти дека Палестинецот, идентификуван како 37-годишен жител на соседното село Беит Сурик, бил меѓу палестинските работници кои поради работа се обиделе да влезат во населбата Хар Адар, изградена на земја одземена од палестинските села на северозападот на Ерусалим. Тој предизвикал сомнеж кај припадниците на обезбедувањето на контролниот пункт кој води кон населбата.

Кога му наредиле да застане поради проверка, тој извлекол пиштол и пукал, убивајќи тројца од четворицата Израелци од непосредна близина. Од полицијата подоцна ја потврдија смртта на тројцата Израелци, а четвртиот е префрлен во болница во критична состојба. Палестинскиот напаѓач е убиен од страна на другите израелски чувари присутни на оваа локација.

Westjordanland Israelische Soldaten an einem Checkpoint
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Momani

Палестинската агенција ВАФА јави дека израелските сили наметнале блокади во селата Беит Сурик, Бидо и Катана кои се наоѓаат во близината на оваа населба, и им наредиле на палестинските жители да не ги напуштаат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави оти палестинскиот напад  врз еврејската населба во близина на Ерусалим е „последица на подбуцнувањето на Палестинската управа“.

Нетанјаху очекува дека палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе го осуди нападот и му порача „да не се обидува да го оправда“.

Тој  ова го изјави на почетокот на вонредната седница на израелската влада, свикана поради овој инцидент, еден од најкрвавите во последните 2 години и најави оти Израел ќе ја урне куќата на напаѓачот кој е убиен за време на нападот, ќе го затвори селото во кое живеел и ќе ги укине дозволите за работа на неговото пошироко семејство, пренесоа израелските медиуми.

Westjordanland Schießerei in der jüdischen Siedlung Har Adar
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Illean

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман рече дека израелската војска и безбедносните сили влегле во селото на напаѓачот Беит Сурик на северот на Западниот брег.

„Ќе продолжиме да делуваме со сила и решителност против овој тероризам. Ќе ги гониме терористите, оние кои ги испраќаат и оние кои ги поттикнуваат секогаш и секаде и ќе возвратиме, како што се случува речиси секоја ноќ“, додаде Либерман.