1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смислен е план за да не се повтори „Грција“

15 април 2010

Европа сака да ја надмине финансиската криза во Грција со сопствени сили. За да се спроведе ваквиот план потребни се чекори кои досега беа незамисливи.

https://p.dw.com/p/Mwai
Фотографија: picture alliance / dpa / DWMontage

Во иднина т.н. фонд за санации ќе треба да ги спасува европските држави кои се соочени со финансиски проблеми, и покрај тоа што договорот од Мастрихт токму ова го забранува.

Португалија би можела да биде наредната земја на која и‘ е потребна финансиска помош, стравува Eвропската комисија. Поругалија е заглавена во долгови, кои не може лесно да ги отплати поради слабото стопанство и високите давачки. За да не дојде до нова криза во буџетот во некоја европска земја, комесарот за монетарна политика Оли Рен има намера да преземе против мерки: „Мораме навреме да ја координираме буџетската политика, тоа значи од самиот почеток.“

Националните влади жестоко се противат на мешањето на Брисел

Брисел, имено, бара да има ингеренции уште при планирањето на буџетите на земјите членки на Европската унија. Освен ова, т.н Европски фонд за санации би требало да им стои на располагање на земјите членки, доколку се најдат во финансиска криза. Идеите на комесарот за монетарна политика би можеле да претставуваат вистински пресврт. Имено, во основачкиот договор на Европската унија стои дека секоја земја самата мора да си ги решава финансиските проблеми. Националните влади жестоко се противат на мешањето на Брисел.

Symbolbild Euro Griechenland Finanzkrise Geld Euro-Münze Wasserpumpenzange
Буџетската политика мора да се координира уште од почетокФотографија: picture-alliance/dpa

Тешка криза во буџетите е на повидок и во Шпанија и во Италија, а Брисел во иднина едно сака да исклучи - заедницата на држави повторно да мине низ такви турбуленции, како во минатиов период поради кризата во Грција.

Автор: Кристоф Кобер / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска