1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смена на Висла

Бартош Дудек / превод: ЕМФ26 ноември 2015

Партиско-политичка смена на власта е во една демократија сосема нормална работа. Но, смена каква што сега се реализира во Варшава дава апсолутно причина за вознемиреност, оценува Бартош Дудек.

https://p.dw.com/p/1HCPO
Фотографија: picture-alliance/epa/R. Pietruszka

Секоја смена е шанса. Во тоа лежи обновливата сила на секоја демократија. Затоа и смената на Висла, која ја донесоа претседателските избори пролетта и парламентарните избори на 26 октомври, е во прва линија - шанса. „Добра смена“ гласеше лозинката на национално-конзервативната партија Право и правда (ПиС) на Јарослав Качински, која победи на двата избора.

Навистина добра смена?

Сега, нецели две недели по конституирањето на новиот парламент и положувањето заклетва на новата влада, се јавуваат големи сомнежи. Сомнежи дали оваа смена е навистина добра и дали навистина има врска со право и праведност.

Dudek Bartosz Kommentarbild App
Бартош Дудек, автор на коментарот

Зашто, во демократијата има механизми и правила кои ја ограничуваат моќта на мнозинството и треба да го заштитат малцинството кое е во опозиција. Дел од нив е пред се‘ принципот на поделба на власта, кој овозможува владата, парламентот и правосудството - под будното око на „четвртата власт“, медиумите - да работат независно еден од друг. Легендарниот лидер на Солидарност и носител на Нобеловата награда, Лех Валенса, тоа вака го формулираше: демократија е „борба на секој против секого, но во железната рамка на законите“. Тоа е разликата меѓу една демократска правна држава и една автократија, или дикттаура. Границите меѓутоа може да бидат растегливи.

Јасна повреда на статусот на правна држава

Вознемирувањето е неизбежно кога во една земја на ЕУ не се почитуваат стандардите на демократска правна држава. Така, претседателот на државата со неверојатна брзина го помилува еден од новоназначените министри, кој во првата инстанца беше осуден поради злоупотреба на службена должност. Владеачката партија на ноќна седница во двата дома на парламентот истурка закон кој овозможува нов состав на Уставниот суд. Нареден чекор ќе биде нов закон за медиуми, со кој јавниот радиодифузен сервис би се претворил во државна радио-телевизија. Сето тоа се постапки кои треба да го свртат вниманието не само на Полјаците.

Ако Европа по нападите во Париз не се наоѓаше во состојба на шок и ако не беше безнадежно префорсирана со бегалската криза, тогаш ова што сега се случува во Варшава сигурно ќе предизвикаше многу поголемо внимание. Исто како и симболичкиот акт од страна на премиерката Беата Шидло, која побара отстранување на знамињата на Европа од салата за прес-конференции во нејзиниот кабинет. Отсега, кога Шидло ќе настапува, зад нејзе ќе се веат само бело-црвени национални знамиња. Дали Полска ќе се откаже и од придржување до стандардите на ЕУ?