1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слика која сите не потресе

Александер Кудашеф3 септември 2015

Малиот Сириец Ајлан Курди се удави на патот кон Европа. Може ли некој медиум да покаже слика на мртво дете на плажа? Уште повеќе, мора ли? Главниот уредник на ДВ, Александер Кудашеф објаснува зошто ние тоа го сторивме

https://p.dw.com/p/1GQZh
Фотографија: Reuters/Stringer

Ова е грозна фотографија. Таа го покажува сиот ужас на залудното и смртоносно бегство од граѓанската војна Сирија. Ова е момент овековечен од фотоапаратот- но и она што се случува секојдневно на бреговите на Средоземното море. Ова е сликата која не обзема со болно сочуство. Ова е слика која тера на размислување. Ова е слика која не занемува. Слика пред која сите чувствуваме дека е можеби фотографија на годината, можеби и деценијата. Таа е симбол на сето она што во моментов не погодува, не прави бесни и разочарани.

Добри причини за необјавување

Треба ли, смее ли, мора ли да се објави ваква фотографија? Мора ли тоа да го стори Дојче Веле? Постојат низа уверливи и разумни причини тоа да не се стори. Се работи за пиетет, за достоинството на едно дете, за оправданото барање медиумите да бидат воздржани. Ние одлучивме да ја објавиме. Не поради сензација, не за да го зголемиме бројот на кликови на нашите страници или гледаноста на нашите прилози. Ја покажуваме, затоа што сите нас не погоди. Ја покажуваме бидејќи таа станува симбол на бегалската трагедија: слика на недолжно дете, поради кое неговите родители се одлучиле на пат опасен по живот, за да му овозможат подобар живот. Заврши со смртта на тоа дете во море.
Ја покажуваме затоа што оваа фотографија добро не потресе, а на редакциската конференција сите бевме замислени и неми. Погодени од страдањето и смртта. Ја покажуваме оваа слика затоа што го чувствуваме тоа страдање, покрај сета хектичност на новинарската работа. Бидејќи пред оваа фотографија останавме неми.

Alexander Kudascheff DW Chefredakteur Kommentar Bild
Фотографија: DW/M. Müller