1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скопје и Подгорица да го признаат Косово

9 септември 2008

Поранешниот специјален претставник на САД за Балканот, Ричард Холбрук, синоќа во Приштина ги повика Македонија и Црна Гора да ја признаат независноста на Косово.

https://p.dw.com/p/FE1I
Ричард ХолбрукФотографија: picture-alliance / dpa

„ Факт е дека Косово е слободна и независна држава. Како што поминува времето уште многу држави ќе го признаат Косово, а меѓу нив и соседните Македонија и Црна Гора, кои ги повикувам тоа да го сторат„ изјави Холбрук

Според американскиот дипломат,процесот на признавањето на Косово тече добро. Бројката на земји кои досега ја признале независноста на Косово изнесува 46.

Холбрук, притоа забележа дека нема никакви споредби меѓу ситуацијата на Косово и грузиските сепаратистички области, Јужна Осетија и Абхазија.

Иницијативата на Србија да се покрене постапка пред меѓународниот суд на правдата во Хаг околу легитимноста на одлуката за признавање на независноста на Косово, според Холбрук нема да има никаков ефект врз независноста на Косово

„ Тоа може да има ефект на патот на Косово кон членство во меѓународните организации, вклучувајќи ги и ОН„ додаде Холбрук

Според американскиот дипломат ЕУ треба да ја прими Србија, тогаш кога ќе биде постигнат договор со кој Белград ќе го признае Косово како независна држава.