1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалскиот Супер куп во 2017 во Скопје!

Зоран Јордановски30 јуни 2015

Победникот на Лигата на шампионите и на Европа-лигата во 2017 година ќе играат во Арената Филип Втори во Скопје, соопшти денеска УЕФА.

https://p.dw.com/p/1Fq3f
Фотографија: picture-alliance/dpa/I. Pitalev

Скопје ќе биде во фокусот на светската фудбалска јавност во 2017 година: УЕФА реши во главниот град на Македонија да се одржи Супер купот, престижен натпревар меѓу победникот на Лигата на шампионите и најдобриот во Европа-лигата за таа година. Средбата ќе се игра во Арената Филип Втори, која има капацитет од 33 460 седишта.

Инаку, организатор на финалето во Лигата на шампионите за таа година ќе биде Кардиф, град во Велс - Велика Британија. Милениум-стадионот во Кардиф собира 74 500 гледачи. Финалната средба од Европа-лигата ќе се одржи Френдс Арена стадионот во Стокхолм, кој може да прими 51 600 љубители на фудбалот.

За Скопје организацијата на Супер купот е можност за поширока меѓународна афирмација, а за македонскиот фудбал шанса за позначаен поттик за квантитативен и квалитативен напредок.