Семејна трагедија во Холивуд
29 декември 2016Холивудската актерка Деби Рејнолдс, која се прослави со улогата во филмот „Пеејќи на дождот“ почина на 85. години, само еден ден по смртта на нејзината ќерка, исто така актерка Кери Фишер.
Рејнолдс починала неколку часа откако е примена во болница во Лос Анџелес, најверојатно по мозочен удар. Веста за смртта на Деби Рејнолдс ја објави нејзиниот син, Тод Фишер.
„Таа е сега со Кери“, рече тој, додавајќи дека смртта на ќерката била премногу за Рејнолдс. Нејзината ќерка Кери Фишер почина како последница од срцев удар.
Мери Френсис Рејнолдс е родена на 1. април 1932. година. Компанијата „Варнер брадрс“ ѝ го даде името Деби.
Актерката Кери Фишер, позната по улогата на принцезата Леjа во „Војна на ѕвездите“, почина пред 2 дена на 60. годишна возраст, неколку дена по силниот срцев удар за време на трансатлански лет. На Фишер претходно и’ се слошило на летот од Лондон до Лос Анџелес и по слетувањето во критична состојба била пренесена во болница. Американските медиуми известија дека имала тежок срцев удар. Кери Фишер во Лос Анџелес се враќала од Лондон каде ги промовирала нејзините мемоари.