1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Селцас: Македонците во Грција се радуваат на договорот

17 јуни 2018

Единствениот пратеник во грчкиот парламент кој се изјаснува како етнички Македонец, во интервју за ДВ вели дека потпишувањето на договорот го поздравуваат сите Македонци во Грција

https://p.dw.com/p/2zj0l
Griechenland Abgeordneter von Syriza Konstantinos Seltsas
Фотографија: DW/G. Trpenoski

Константинос Селцас беше меѓу најсреќните лица на денешната церемонија на потпишувањето на договорот. Тој е етнички Македонец од Лерин, кој е пратеник во грчкиот парламент од редовите на владејачката Сириза на премиерот Алексис Ципрас. За Дојче веле раскажува дека долги години го чекал овој момент.

„Вложивме големи напори за да дојде овој ден. Ова е голем ден за македонскиот и за грчкиот народ“, вели Селцас.

Нѐ изненади со течниот македонски кој го зборуваше, но и со отвореното тврдење дека е етнички Македонец.

„Да, јас сум Македонец и тоа не го кријам ниту во парламентот“, вели Селцас.

Повеќе: Македонија и Грција ја запеаја песната на мирот

Пратеникот на Сириза е убеден дека договорот ќе помине и во Грција и во Македонија и смета дека тој е добар за обете страни.

„Ова е добар договор за Македонците и мислам дека направивме голема работа“. Тврди дека и Македонците во Грција го поздравуваат овој договор и се многу задоволни со него.

Повеќе: Могерини и Хан горди на постигнатиот договор

За оние што протестираат против договорот и на грчка и на македонска страна, вели дека не може да им помогне.

„Тие што имаат 'поинаков ум', за нив не можеме да направиме повеќе. Ние сме за утре, не за некни“, вели Костас Селцас за Дојче веле.

„Ние сме за утре, тие се за некни“