1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сезона на урагани: по Харви Ирма, по nea Хозе

Клаус Естерлус
7 септември 2017

Не секоја бура што се појавува во Атлантикот прераснува во ураган. Сепак, секогаш има невремиња од највисока категорија, последниот е Ирма. Но, што тоа значи?

https://p.dw.com/p/2jWHO
Irma Hurricane Karibik
Фотографија: Getty Images/J.Jimenez

Сезона на урагани во Атлантикот е. Од први јуни до 30-ти ноември се зголемува фреквенцијата на силни невремиња. Последното е „Ирма“, од 5-та категорија кое погоди неколку карипски острови изминатава среда причинувајќи штети на домовите, населените места, а зеде и неколку човечки животи. Сега се движи кон Флорида. Со брзина на ветриштата и до 185 милји на час „Ирма“ е еден од најсилните урагани откако се водат записи. Неговиот претходник „Харви“ кој неодамна ја погоди американската сојузна држава Тексас и предизвика штети од 150-180 милијарди долари, беше од четврта категорија. 

Во очекување на „Ирма“

Силен, посилен, најсилен

Каторијата пет во која припаѓа Ирма е највисоката според Американскиот национален центар за урагани и имплицира „катастрофални последици". Конкретно тоа значи дека „голем број домови ќе бидат уништени, со целосно откорнување покриви и колапс на ѕидовите. Откорнати дрва и уништени далноводни ќе доведат до изолација на цели населени места. Прекини во доводот на електрична енергија ќе има со недели, можеби и месеци."

Центарот е исто така задолжен за именување на ураганите. Постојат шест листи со вкупно 21-но машки и женски имиња. Секоја година се избира една од листите и од неа се даваат имињата на ураганите. По шест години циклусот почнува одново. 

Нема крај на повидок?

Во моментов се употребени речиси половина од имињата на листата. Наследникот на „Ирма“, „Хозе“, веќе е на повидок и по него доаѓа Катја кој веќе ровари во Мексиканскиот залив. 

Ураганот Харви преку камерите на НАСА

Катја за сега е обично невреме со брзина на ветерот од 65 километри на час и изгледите се добри да остане така бидејќи не секогаш се развиваат во урагани.

Во 80-тите години од минатиот век имаше само три и уште два следната деценија. Меѓу 2000 и 2010 година бројот на урагани од петта категорија се зголеми на 8, вклучително и најдраматичниот до сега: „Катрина“. Во 2005 тој го зафати Њу Орлеанс при што загинаа 1.800 луѓе. Тоа и натаму се смета за една од најскапите природни катастрофи во историјата на САД.