1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја користи Твитер

21 август 2010

Најновиот корисник на Твитер е Северна Кореја. По Јутјуб, земјата сега ја користи и оваа популарна платформа за пропагандни цели. Главни теми на „твитовите“ се Јужна Кореја и САД.

https://p.dw.com/p/Ot52
Фотографија: DW/Twitter

Профилот на Твитер е именуван „uriminzok“ што во превод значи „Нашата нација“. Од вторникот (10.08.2010) Северна Кореја цвркоти на корејски јазик. Оттогаш повеќе од 8.500 корисници на платформата ги следат информациите од „uriminzok“. Северна Кореја досега објави 30 пораки, таканаречени твитови, во кои се фали работата на шефот на држвата Ким Јонг Ил и се осудуваат заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД.

Nordkorea Kim Jong Il besucht Obstzucht
Радост кај политичкото раководство - сега и Ким Јонг Ил е на ТвитерФотографија: AP

Во јули годинава Северна Кореја го откри Јутјуб како платформа за сопствените цели. Народната република досега објави повеќе од 80 видеа. Во некои клипови, Јужна Кореја се критикува дека поттикнува војна. Други, пак, се насочени против САД, бидејќи одговорноста за потопувањето на јужнокорејскиот воен брод во март годинава и` ја префрли на Северна Кореја. Сепак, пораките на севернокорејската влада преку Твитер и Јутјуб, не се достапни за сите граѓани на Северна Кореја. Имено, севернокорејското раководство на повеќето луѓе не им дозволува пристап до интернет. Овој „луксуз“ и` е достапен само на елитата.

Владата на Јужна Кореја го блокираше пристапот до официјалниот севернокорејски профил на Твитер. Државната комисија за комуникациски стандарди во четвртокот (19.08.2010) објави дека пораките ја глорифицираат Северна Кореја и содржат „нелегални информации“, кои се забранети со Законот за национална безбедност. Јужна Кореја во моментов блокира 65 интернет страници, управувани од Северна Кореја или нејзини поддржувачи, што предизвика остри критики на сметка на владата во Сеул.

Автор: ММ/АТ/ТТ/дпа/ап

Редактор: Трајче Тосев