Светска банка прогнозира поголем пораст во 2017-та
11 јануари 2017Економските експерти прогнозираат пораст на светското економско постигнување од 2,7 проценти во тековнава година (во 2016 година тој изнесуваше 2,4 проценти). Во извештајот на Светска банка се вели дека порастот во индустриските земји ќе се зголеми на 1,8 проценти, додека земјите во забрзан подем, благодарение на растечките цени на суровини, ќе имаат пораст од 4,2 проценти. Минатата година овие држави забележаа пораст од 3,4 проценти.
Несигурност и натаму владее околу идниот пат на САД како најголема економија во светот. Најавите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за инвестиции и стимулација на економијата со инфраструктурни проекти би можеле да доведат до побрз пораст во САД и со тоа и во светот. Од друга страна, голема пречка е тенденцијата на Трамп за протекционизам.
Втор фактор на несигурност за светската економија, како што оценуваат експертите во Вашингтон, е гласањето на Британците за излез од ЕУ.