1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саудиска Арабија подготвува противудар поради тужбата

Н. Домазетовиќ/ап
29 септември 2016

Лобирањето и заканите на Саудиска Арабија упатени до американскиот конгрес не беа доволни да го сопрат носењето на законот со кој им се дозволува на семејствата на жртвите од 11-ти септември да го тужат кралството.

https://p.dw.com/p/2Qjdl
USA Repräsentantenhaus
Фотографија: Imago/M. Aurich

Земјата богата со нафта која има долги, но и често проблематични односи со Вашингтон има арсенал на дипломатски и комерцијални алатки со кои би можела да возврати. Тие вклучуваат прекинување или намалување на официјалните контакти, повлекување на милијарди долари од американската економија и убедување на блиските сојузници во шестчлениот Совет за соработка во Заливот да ја намалат соработката против тероризмот, инвестициите и пристапот на САД до важните регионални воздухопловни бази.

„На Америка и останатиот свет треба да им биде јасно дека кога една земја членка на Советот за соработка во Заливот е таргетирана на нефер начин, другите застануваат во нејзина одбрана“, вели Абдулкалеќ Абдула, експерт за регионот и професор по политички науки на Универзитетот на Обединетите арапски емирати. „Сите држави ќе застанат на страната на Саудиска Арабија на секој можен начин“, изјави тој.

Кога Саудиска Арабија сакаше да изврши притисок врз Катар, со цел да ја намалат нивната поддршка за Муслиманското братство во Египет, тоа го направи преку претходно невидено повлекување на амбасадорите на сите земји од арапскиот залив од преговорите во Доха во 2014 година. Тоа всушност ја изолираше малечката нација внатре во Советот за соработка во Заливот.

Кога шведскиот министер за надворешни работи Маргот Валсторм силно ја критикуваше ситуацијата со човековите права во Саудиска Арабија минатата година, кралството возврати жестоко со дипломатска артилерија која ги разниша позициите на Стокхолм во целиот арапскиот свет и ги загрози интересите на шведските бизнисмени во Заливот. За кратко време Шведска се повлече.

Приоритет се жртвите

Во средата, Сенатот на САД изгласа да го отфрли ветото на Обама за предлог законот за семејствата на жртвите од 11-ти септември. Притоа, членовите на законодавниот дом велеа дека нивен приоритет не е Саудиска Арабија, туку жртвите од 11-ти септември и нивните семејства.

Час Фриман, поранешен помошник секретар за одбрана и меѓународна безбедност и поранешен амбасадор во Саудиска Арабија за време на операцијата Пустинска бура, вели дека одговорот на Саудијците би можел да ги загрози стратешките интереси на САД, како што се дозволите за прелетување помеѓу Европа и Азија и катарската воздухопловна база од која САД ги координира и извршува воените операции во Авганистан, Ирак и Сирија.

„Прекинувањето на односите и намалувањето на официјалните контакти, што може да биде неизбежен резултат од носењето на оваа легислатива исто така може да ја загрози соработката со Саудиска Арабија во борбата против анти американскиот тероризам“, изјави тој.

Фахад Назер, аналитичар во консултантската куќа за разузнување ЈСГ и поранешен политички аналитичар во амбасадата на Саудиска Арабија во Вашингтон изјави дека тој би бил изненаден доколку Саудиска Арабија ја намали соработката во борбата против тероризмот. Сепак, односите со Вашингтон се заладија многу порано пред законот за 9/11 да се најде пред Конгресот. Саудијците, по постигнувањето на нуклеарниот договор со Иран, кон администрацијата на Обама гледаат како на свртување кон нивниот регионален најголем непријател. Исто така, Обама кон земјите од заливот во едно интервју годинава изрази острки критики, и покрај нивната поддршка за офанзивата предводена од САД против Исламската држава во Ирак и Сирија.

Обама стави вето на на законот со име „Правда против спонзорите на тероризмот“ (ЈАСТА) велејќи дека со дозволувањето на американските сеудови да го отфрлат суверениот имунитет на странските држави може да доведе до тоа други странски влади да делуваат „реципроцитетно“ давајќи им на своите судови право на јурисдикција врз САД и нејзините вработени во прекуокеанските акции. Ова би можело да ги вклучи смртоносните американски напади со дронови и злоупотреби направени од страна на полицикси единици тренирани од САД или милиции подржани од САД. 

USA Barack Obama empfängt König Salman bin Abdulaziz Al Saud
Барак Обама и саудискиот крал Салман ал СаудФотографија: picture-alliance/epa/M. Reynolds

Економска блокада

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел ал Јубеир во јуни за новинарите изјави дека САД е под ризик да изгуби најмногу доколку се изгласа и воведе законот. И покрај гласините дека од Ријад пристигнале закани за повлекување на милијарди долари од американската економија доколку предлогот стане закон, ал-Јубеир вели дека Саудиска Арабија само предупредила дека довербата на инвеститорите во САД може да се намали.

Џозеф Гањон од Петерсон институтот за меѓународна економија изјави дека проценките за големината на средствата од Саудиска Арабија во владата се движат од 500 милијарди до 1 трилион доколку се земат предвид и потенцијалните депозити во странски банки и прекуокеански сметки.

Кралството има преку 96,5 милијарди долари вредни секјуритиес во август, според последните информации објавени од министерството за финансии на САД. Саудиска Арабија е на 15. место според нејзините побарувања кон долгот на САД.

Гањон кој претходно работеше во бордот на централната банка на САД вели дека реално кралството не може многу да стори против доларот или другите средства на САД „што би им наштетило на САД десетинка од тоа што би им наштетило на нив“. Тој кажа дека на САД би им користел надолен притисок на доларот и праша кои други пазари се доволно големи да можат да апсорбираат се што тие можат да продадат.

Претседателот на саудиско-американскиот бизнис совет Ед Бартон вели дека бизнисот помеѓу двете земји ќе продолжи, иако некој потенцијални зделки можат да бидат загрозени од ЈАСТА.

AP Iconic Images USA New York Anschläge auf das World Trade Center 2001 Flugzeug fliegt ins Gebäude
Вкупно 15 од напаѓачите на 11 септември беа од Саудиска АрабијаФотографија: AP

Загрозени американските интереси

Како најголема извозничка на нафта во светот и најголемата економија во заливот, Саудиска Арабија исто така има други бизнис партнери со кои може да соработува во Европа и Азија, изјави претседателот  и извршниот директор на националната американско-арапска трговска комора, Дејвид Хемод.

„Америка повеќе не е единствениот играч“, вели тој. „Никој не знае како Саудиска Арабија може да реагира на отфрлањето на ветото на Обама, но има ли поента да се предизвикува блефот на судијците?“

Извршните директори на Дау Кемикал и Џенерал Електрик испратија писма до конгресот, предупредувајќи ги за потенцијално дестабилизирачките ефекти врз американските интереси во странство. Секретарот за одбрана Еш Картер оваа недела испрати писмо до конгресот во кое вели дека „важни противтерористички напори во странство“ би можеле да бидат нарушени и базите и капацитетите на САД би можеле да бидат ранливи на монетарни оштети во реципроцитетни случаи.

Вакви реакции можеби не доаѓаат директно од Ријад, но земјите поврзано со Саудиска Арабија, како што изјави Стефан Кинзер од Институтот за меуѓународни и јавни работи Ватсон, при универзитетот Браун.

Тој изјави дека осум децениските американско-саудиски односи „влегуваат во нова фаза“ во која врските ќе бидат оддржувани од договори за купопродажба на оружје, за разлика од времето на топли односи за време на мандатот на Џорџ В. Буш.